Хотел Романтик

Хотел Романтик, синонимот за беспрекорна услуга во хотелско сместување и угостителство ја продолжува својата приказна во Стар Дојран, туристичкиот бисер во Јужна Македонија.

 

Гордо поставен со поглед на Дојранското Езеро, Хотел Романтик е подготвен да ја чува тајната на непредвидливото езеро за која се врзуваат многу легенди. Една од нив зборува за настанувањето на Дојранското Езеро како резултат на непромислената еуфорија на девојката по име Дојрана која што од возбуда и брзање заборавила да го затвори изворот кога слушнала дека нејзиниот љубен се вратил од војна. Хотел Романтик со својата приказна достојно се надоврзува на историјата испишана со бледо мастило за која недостигаат раскажувачи.