Еуро хотел Градче

Еуро Хотел Градче се наоѓа на 6 км северно од градот Кочани. Лоциран е на 550 метри надморска височина на брегот на езерото Градче, сместен во живописна клисура со атрактивна околина.

 

Хотелот располага со:

25 комфорно-стилско уредени соби од кои 4 апартмани, ресторан сала со капацитет до 420 седишта, мал ресторан со капацитет од 90 седишта, конференциска сала за состаноци, кафе бар, четири летни тераси, билијард, пинг-понг, сопствен паркинг плац, традиционална кујна со локални специјалитети.

Конференциска сала е опремена со аудио-визуелна опрема:микрофони-жичани, миркофони – Wi-fi, TV LCD, LCD projector, DVD плеер, лап топ, флип чарт табла, интернет, скенер, принтер, копии, симултан превод со претходна најава.

Во хотелот организираме свадби, родендени за деца и за возрасни, момчешки вечери, крштевки, матурски вечери, апсолвентски забави, 8-мо мартовски забави, Пр-настани итн.

Еуро Хотел Градче на своите ценети гости им нуди сместување во автентична градба, традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од еко-производи и производи со органско потекло, авантури: планинско пешачење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, излет со скара покрај езеро, прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.