Аурора Ресорт и СПА

Аурора Ресорт и СПА е првиот ресорт во Република Македонија граден како резултат на долгогодишното искуство на менаџерскиот тим од Аурора Турс на полето на бизнис патување, одмор, релаксација и задоволство.

 

Хотелот е позициониран на самата круна на Беровското езеро, идеално вклопен во природното опкружување на надалеку познатата Беровска борова шума, на надморска височина од 1062 м, во срцето на еден од само четирите постоечки светски кислородни коридори. Комплексот претставува целина од по-веќе градби како рецепција, ресторан, СПА центар и вили во кои се сместени различни типови на соби, сите опремени со модерен мебел, бања, тераса, мини бар, ТВ, WIFI интернет, опрема за кафе и чај и др.

Ресторанот во Аурора Ресорт и СПА е уникатно архитектонско дело во кое и најголемите гурмани и сладокусци ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните локални специјалитети како и деликатесите на интернационалната кујна.

Ресортот претставува идеално место за одржување на бизнис средби, конференции, семинари, обуки, конгреси и самити, за чии потреби, на располагање клиентите имаат целосно опремена и модерна конференциска сала, согласно интернационалните стандар-ди.